• A-
  • A
  • A+
недела, 15 јули 2018, 

Херојот на Тајланд е бегалец од Мјанмар

Херојот на Тајланд е бегалец од Мјанмар

Бангкок, 12 јули 2018 (МИА) - Британските нуркачи, кои ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера Там Луанг, имаа помош од едно од момчињата Адун Сам-Он, чие познавање на англискиот јазик било клучно во текот на комплицираната операција за спасување.  

Неговата професорка Кру Најс изјави дека 14-годишниот Сам-Он отсекогаш бил лидер и покрај тоа што не живее со родителите и официјално нема дом.

- Тој е чудо од дете и многу сум среќна дека е безбеден, истакна таа.

Адун е бегалец од Мјанмар, кого родителите пред осум години го испратиле на Тајланд за да ги избегне етничките судири во неговата земја. Тој е еден од многуте ученици на Тајланд, за кои се вели дека се без татковина.

Тој не е државјани на ниту една земја, а на Тајланд станал одличен ученик и спортист.

Адун говори четири странски јазици, а неговото познавање на англискиот било клучно при операцијата за спасување. дб/ми/16:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ