• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Искршени статуи на египетски богови на локалитет во Грција

Искршени статуи на египетски богови на локалитет во Грција

Атина, 20 јуни 2018 (МИА) – Грчките власти соопштија дека непознати лица ги искршиле репликите на статуи на египетски богови од римскиот период, кои се наоѓале во древен храм оддалечен 40 километри северно од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека гипсените копии на статуите на Изида и Озирис од вториот век претрпеле значајни оштетувања.

Во соопштението се наведува дека вандализмот e извршен во период кога храмот бил затворен.

Полицијата отвори истрага за овој инцидент.

Светилиштето посветено на египетските богови е изградено на мал вештачки остров во непосредна близина на градот Маратон.

Оргиналните статуи се чуваат во археолошкиот музеј во Маратон.дб/ир/20:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ