• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Мачорот Ахил предвидува победа за Русија вечерва

Мачорот Ахил предвидува победа за Русија вечерва

Санкт Петербург, 14 јуни 2018 (МИА) - Мачорот Ахил во музејот Ермитаж во Санкт Петербург типуваше на Русија за првиот натпревар од годинешното Светско фудбалско првенство, во кој се среќаваат домаќинот и Саудиска Арабија.

Пред него беа поставени две чинии со храна, означени со знамињата на двете земји. Ахил се двоумеше, но на крајот отиде кај чинијата со знамето на Русија, па како награда доби и руски дрес.

- Тој ја сака својата татковина и не можеше да донесе поинаква одлука, рече потоа ветеринарката вработена во музејот, Ана Кондратева.

Ахил стана популарен минатата година кога, за време на Купот на конфедерации во Русија, кога успешно погоди неколку победници.

За разлика од Ахил, лемурот Спартак во Зоолошката градина во Екатеринбург се обложи на Саудиска Арабија. си/цч/11:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...