• A-
  • A
  • A+
среда, 18 јули 2018, 

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Лондон, 21 април 2018 (МИА) - Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондончани и извесен период имаше долги редици пред угостителскиот објект „Максвелс бар и грил“ за да се купи овој производ.

Менаџерот на овој бар во Лондон, Ентони Најт, наведува дека за да го усовршат рецептот им биле потребни четири недели во кој оствариле лош комерцијален успех.

- Во тој период направивме само околку 400 крофна-бургери. Но потоа за првата седмица продадовме над 1.300 парчиња. А викендот луѓето буквално чекаа надвор во редици за да го пробаат нашиот бургер, истакна Најт.

Крофна-бургерот се прави на тој начин што во тесто за крофни се ставаат кашкавал, плескавица, кисели краставички, сос и сланина, потоа тоа се затвора како крофна и се пржи во жешко масло. Откако ќе се извади во него се вбризгува кечап, а потоа се попрскува со шеќер во прав.

Цената на една порција, која вклучува и помфрит, чини 17 евра.

Според клиентите овој вид на брза храна е многу вкусен, бидејќи претставува совршен спој на различни текстури.дб/11:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ