• A-
  • A
  • A+
среда, 18 јули 2018, 

Разбојници украле приколка со 8.000 влезници за Дизниленд

Разбојници украле приколка со 8.000 влезници за Дизниленд

Лос Анџелес, 20 април 2018 (МИА) - Разбојници украле приколка во САД во која имало 8.000 билети за Дизниленд. Приколката припаѓала на Здружението на млади фармери на Калифорнија, и била украдена од просториите на таа организација во градот Галт, јужно од Сакраменто.

Надлежните наведуваат дека на снимките од сигурносните камери, се гледа пикап возило со темна боја, како се приближува до приколката и заминува со неа.

Полицијата ги повика граѓаните да помогнат во потрагата и предупредува на претпазливост, доколку купуваат влезници за Дизниленд од непознат извор. Вредноста на влезниците изнесува безмалку милион долари, но Дизниленд ги прогласи за неважечки веднаш по кражбата. си/цч/10:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ