• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Нема да бидат поднесени кривични пријави поради смртта на Принс

Вашингтон, 19 април 2018 (МИА) - Поради смртта на американскиот музичар Принс Роџер Нелсон, познат како Принс, нема да бидат покренати кривични пријави, соопшти денеска обвинителот на сојузната американска држава Минесота.

- Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторство поврзано со смртта на Принс, изјави обвинителот на Округот Карвер, Марк Мец по двогодишната истрага за смртта на поп ѕвездата.

Принс беше пронајден мртов во својот дом во Пејсли парк во Минесота на 21 април 2016 година. Како причина за смртта е наведено предозирање со Фентанил, лек што се користи против болки, но е 50 пати посилно од хероинот.

- Не постојат докази дека таблетите што ги земал Принс биле препишани од лекар, посочи Мец, додавајќи оти има докази оти пејачот мислел дека зема Викодин, лек што му бил препишан, а не медикамент кој содржи потенцијално смртоносен фентанил. ми/21:05

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...