• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчиња

Крагујевац, 19 април 2018 (МИА) - Група поранешни осуденици од српскиот град Крагујевац, по многуте безуспешни обиди да се вработат, почнаа свој сопствен бизнис.

За да си обезбедат себеси работа и за да излезат од маѓепсаниот криминален круг, тие решиле да се здружат и заедно да се борат против предрасудите кон нив, јавуваат локалните медиуми

По отслужувањето на затворските казни, поранешните затвореници во Србија речиси и да немаат никаква можност некој да ги вработи. Луѓето најчесто не сакаат ни да им дадат прилика да се докажат. Душан Мириќ е еден од повратниците кои одлучија прво да основаат здружение „По дождот", кое им помага на сите оние кои по затворот ќе се најдат на слобода, а потоа, пред извесно време - отворија и пекара.

Во тоа им помогнале родителите на еден од осудениците. Тие им отстапиле свој објект во центарот на градот, за нивниот син, но и другите како него, да можат чесно да работат и заработуваат. Меѓу нив има и еден професионален пекар.

Оваа идеја ја поддржаа бројни институции во градот, меѓу коишто и Правниот факултет. На овој начин им помагаат и на осудениците, но и на државата, така што помала е веројатноста тие да им се вратат на криминалните активности во немоќта да се вработат. си/цч/13:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ