• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Ријад, 19 април 2018 (МИА) - Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓаните ќе можат да погледнат филм на големото филмско платно, и тоа холивудскиот мегахит „Црниот пантер".

3а вечерва е закажана претпремиерата за оние со ВИП покани. 3атворената проекција ќе се одржи во концертна хала во главниот град Ријад, која е прилагодена и како кино комплекс.

Од утре таа ќе биде отворена и за јавноста, а билетите се во продажба веќе од денеска.

Претходните неколку години, Саудиска Арабија постепено ја олеснуваше забраната за прикажување филмови, покрај локалните филмски фестивали и проекциите во импровизирани кино-сали.

Во 1970-те имало неформални проекции, но таквите настани често биле прекинувани поради религиската политика на земјата. си/гт/11:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...

Францускиот режисер Лик Бесон обвинет за силување

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвин...