• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Поради премногу смеење завршила в болница

Поради премногу смеење завршила в болница

Лондон, 17 март 2018 (МИА) - Обожавателка на комичарот Мајкл Мекинтаер завршила в болница во англискиот град Плимут поради силни болки за време на еден од неговите настапи.

Деветнаесет годишната Џесика Овен раскажала дека одеднаш почувствувала остра болка во градите и раката почнала да и трпне.

- Беше премногу страшно. Одлучивме да го напуштиме шоуто и веднаш да заминеме на лекар, објаснува Џесика.

По направеното ЕКГ лекарите дошле до необична дијагноза за ситуацијата на девојката, а тоа е воспаление на градниот кош поради премногу смеење.

- Кога им кажав на лекарите каде бев, тие рекоа дека е очевидно што се случило и оти премногу сум се смеела, додава Џесика.

Таа потоа му пишала на комичарот на Фејсбук, а за возврат добила покана за некој од неговите настапи. гт/18:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...