• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Пјонгчанг, 23 февруари 2018 (МИА)  -  Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест на својот дедо по завршување на својата последна трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Таа пред Игрите во Пјонгчанг постојано говореше дека ќе скија за својот дедо, кој почина во ноември минатата година на 88-годишна возраст. Вон во негова чест ја освои бронзата во спуст, а денеска ја расфрли неговата пепел на карпите во близина на патеката на која се натпреваруваше.

- Знам дека би му значело да се врати тука, еден негов дел секогаш ќе биде во Јужна Кореја, истакна Вон.

Дедото на скијачката, Дон Кидлоу бил инжинер во американската војска за време на Корејската војна.

Пред почетокот на Игрите во Пјонгчанг, американската скијачка на новинарите им кажа дека сака да освои злато во спуст во чест на својот дедо.

- Очајнички сакам да победам поради него, многу ми недостига. Беше навистина значаен дел од мојот живот, па се надевав дека ќе ги следи моите настапи во Пјонгчанг, но знам дека ме следи и ми помага. Ќе победам за него, истакна скијачката. дб/паг/16:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...