• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Во Мексико загрозено најважното подводно археолошко наоѓалиште во светот

Во Мексико загрозено најважното подводно археолошко наоѓалиште во светот

Мексико Сити, 20 февруари 2018 (МИА) - Пештерата Сак Актун во Мексико, за која стручњаците тврдат дека е најзначајното подводно археолошко наоѓалиште во светот, е во опасност поради загадувањето.

Археологот Гиљермо де Анда предупредува дека загадувањето и урбанизацијата на околината го загрозуваат овој подземен комплекс на полуостровот Јукатан.

- Сак Актун е веројатно најзначајното подводно археолошко наоѓалиште во светот, истакнува Де Анда.

Експертите се загрижени за иднината на локалитетот бидејќи една од најголемите сообраќајници во тој регион минува над археолошкиот комплекс.

Исто така, водата во пештерата има висок степен на киселост поради блиската депонија на отворено.

Многу од деловите на пештерскиот комплекс во Јукатан некогаш биле над нивото на морето и во нив се пронајдени артефакти од цивилизацијата на Маите. дб/гт/17:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...