• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Американец украл палец на глинен војник, Кина бара остра казна

Пекинг, 20 февруари 2018 (МИА) - Кинеските власти побараа „остра казна“ за маж кој на изложба во САД украл палец од глинена фигура на војник, стара над 2.000 години, а вредна 4,5 милиони долари. Ова е една од десетте такви фигури кои Кина му ги позајми на Институтот Френклин во Филаделфија.

Минатата недела 24-годишниот Мајкл Роан е обвинет за кражба и сокривање „вредни парчиња уметност“, а подоцна е пуштен со кауција. Според судските документи, Роан на изложбата прво направил „селфи“ со статуите, а потоа скршил палец од едната од нив и си заминал.

Глинените теракотни војници претставуваат едно од најзначајните археолошки пронајдоци во Кина. Колекцијата опфаќа повеќе од 7.000 скулптури од глина, пронајдени во гробницата на првиот кинески цар Чин Ши Хуанг. Датираат од 3. век пред нашата ера.  си/гт/17:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...