• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

„Фејсбик“ ќе ја користи традиционалната пошта за контакт со огласувачите

„Фејсбик“ ќе ја користи традиционалната пошта за контакт со огласувачите

Њујорк, 18 февруари 2018 (МИА) - Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека ќе почне да користи поштенски картички со цел да ги проверува идентитетот и местото на живеење на лицата кои сакаат да ја користат нејзината социјлана мрежа за реклами поврзани со американските конгресни избори. 

Интересно во целиот случај е тоа што „Фејсбук“ картичките ќе ги испраќа на тадиционален начин преку Американската пошта.

Компанијата се реши на ваквиот потрег откако беше критикувана дека заедно со другите социјални мрежи не реагирале навремено за да ги спречат злоупотребите на нивните платформи за политички цели за време на изборите во САД во 2016 година. 

Картичките што ќе бидат испраќани до огласувачите на „Фејсбук“ ќе содржат специјалн код кој ќе треба да се впише при секое објавување на реклама во која се споменува името на некој кандидат за федерална функција.

Компанијата не процизираше кога ќе започна оваа „операција“, но нагласи дека тоа ќе се случи пред изборите за Конгресот во ноември годинава. сп/10:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...