• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Американски научници направиле програма која може да предвиди кога ќе умреме

Американски научници направиле програма која може да предвиди кога ќе умреме

Сан Франциско, 23 јануари 2018 (МИА) - Научниците од американскиот универзитет Стенфорд изработија компјутерски алгоритам кој може со 90 процентна сигурност да предвиди дали испитуваните пациенти ќе починат во текот на следните 12 месеци.

- Алгоритамот ја предвидува стапката на смртност на било кој пациент во следните 12 месеци, и врз основа на ова предвидување може да се дадат препораки за натамошната палијативна грижа, пишува во истражувањето објавено од страна на тимот научници на универзитетот Стенфорд.

Научниците наполниле компјутерски систем со податоци за два милиони пациенти од универзитетската болница на Стенфорд и детската болница Лусил Пакард, по што изработиле програма која ги споредува симптомите со времето кога одреден пациент починал. Една од причините поради која била изработена програмата, велат од универзитетот, е да им се овозможи на пациентите последните месеци од животот да ги поминат во своите домови. цч/зш/13:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ