• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Германски автомеханичар доби казна поради „тест возење“ до Полска

Германски автомеханичар доби казна поради „тест возење“ до Полска

Берлин, 23 јануари 2018 (МИА) - Автомеханичар од Германија одлучи да ја провери својата поправка на едно возило, со „тест возење“ до Полска и назад, па заработи парична казна.

На изговорот на 49-годишниот механичар, дека „секогаш ги тестира возилата што треба да ги поправи", судијата Јерн Тиен одговорил дека тоа не треба да биде баш „пат од 3.000 километри до Полска", нагласувајќи дека и „не мора ги прифати сите глупости коишто овде мора да ги слуша".

Така, Судот во Хановер не го прифати аргументот на мајсторот, па го казни со илјада евра парична казна.

Сопственичката на возилото дознала за необичниот излет, кога од Полска по пошта и стигнала казна за надминување на дозволената брзина.

- Никогаш во животот не сум била во Полска, рече потоа таа пред Судот.

Судејќи по фотографиите од сообраќајниот прекршок, во нејзиниот автомобил не се наоѓа таа. Во тие моменти, таа се присетила тогаш возилото било на поправка и го пријавила случајот в полиција. Оттаму и препорачале да го тужи автомеханхичарот. си/зш/10:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.