• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Робот „доби отказ“ во супермаркет, оти ги збунувал купувачите

Робот „доби отказ“ во супермаркет, оти ги збунувал купувачите

Единбург, 22 јануари 2018 (МИА) - Роботот „Фабио“ кој беше на пробно тестирање во супермаркет во шкотскиот град Единбург, „доби отказ“ по само една седмица.

Имено, машината имала задача да нуди бесплатни прехранбени производи, како и информации за нив. Иако „Фабио“ се трудел, постојано ги збунувал купувачите, давајќи им погрешни информации.

Роботот е изработен на Универзитетот Хериот-Ват.

Според Лујза Маргот, одговорна за маркетинг во трговскиот ланец, „Фабио“ не бил доволно подвижен и не можел прецизно да ги насочува купувачите, туку само им давал општи упатства, како што е „сирењето е во ладилникот“.

Оливер Лемон од Универзитетот Хериот-Ват изјави дека машината, што се уште е прототип во иднина би можела да се користи во авиоконтролата и во болниците. си/сп/14:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ