• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Пијалаци на попуст за државните службеници по финансиската блокада во САД

Пијалаци на попуст за државните службеници по финансиската блокада во САД

Вашингтон, 22 јануари 2018 (МИА) - Баровите и рестораните во Вашингтон нудат посебни попусти на пијалаци за федералните службеници додека трае финансиската блокада од американската Влада. На менито има коктели именувани според разни сенатори, како на пример, „Дарбинова сода“, „Камон Чак“ или „Дали некогаш си запознал Хаиќанец?“.

Еден од баровите, близу Капитол хил, својата специјална понуда на коктели по цени од пет долари, ја објави веднаш откако делумната финансиска блокада од Владата стапи во сила, на полноќ меѓу петокот и саботата. Попустот се добива со покажување на важечка владина идентификациска картичка, пишува порталот „Политико“.

Меѓу специјалните „коктели во време на блокадата“ се вотка-мартини наречен „Да се олупи или не“, „Аферата на Ренд во соседството“ - што веројатно се однесува на републиканскиот сенатор Ренди Пол, како и „Прифатлив закон за пивото“. Сите овие наслови алудираат на одредени „карактеристики“ на  американските политичари.

Попустите ги опфаќаат и хамбургерите, кои во некои ресторани ќе бидат 10 отсто поевтини од вообичаено.

Слична акција локалните угостителски објекти организираа и во 2013 година, кога Владата воведе 16-дневна финансиска блокада поради загриженоста дека работата на службениците, како и самата продуктивност би можеле да им опаднат, бидејќи не знаеле кога ќе ја добијат наредната плата. си/гт/11:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.