• A-
  • A
  • A+
понеделник, 28 мај 2018, 

Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

Aмериканска компанија го „вкрсти“ „Калашников“ со пиштолот „Драко“

Вашингтон, 22 јануари 2018 (МИА) - Американската компанија Сенчури Армс успеа да го приспособи „Калашников” на калиброт на пиштолите „Драко НАК“, пишува порталот ammoland.com.

Компанијата веќе подолго време се занимава со „вкрстување“ на обични пиштоли со автоматски оружја. Главна одлика на новиот автомат „AK-Драко НАК-9“, е можноста да се стрела со стандардни шаржери „Глок“.

Според претставникот на компанијата, Џејсон Каравајс, новиот модел е потполно остварување на зацртаната цел - автомат Калашников со деветмилиметарски калибар. Тоа значи дека сопствениците на „Глок“ пиштоли ќе можат да ги користат истите шаржери и за својот нов „Калашников“, вклучително и оние со поголем капацитет од стандардните 17 патрони.

Новиот автоматски пиштол се продава заедно со шаржер за 33 патрони, а малопродажната цена во САД изнесува 725 долари. си/гт/10:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ