• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Монтевидео, 11 декември 2017 (МИА) - Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скара. Со приготвени 10 тони месо, тие по  цели 10 години го симнаа од првото место досегашниот светски рекордер - Аргентина.

Настанот беше организиран во 40-илјадното гратче Минас. За јагленот беа употребени над 60 тони дрво, а за месото беа ангажирани 100-на скараџии.

- Се подготвувавме за ова уште од октомври, рече главниот организатор на „свеченоста“, Роберт Бајарез, додавајќи дека биле приготвени и 4.000 килограми руска салата за со оброкот.

Аргентина ја носеше титулата од 2008 година. Овие две држави повремено се натпреваруваат, па Аргентина победи во 2008. и 2011., но овојпат таму се испече помалку месо - 9,16 тони, заклучи комисијата.

Во Уругвај, кој е еден од најголемите извозници на месо, скараџиите испекоа точно 10,14 тони месо. си/зш/12:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ