• A-
  • A
  • A+
четврток, 21 јуни 2018, 

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Москва, 20 ноември 2017 (МИА) - Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 километри јужно од Москва, Наталија Власова на лотарија освои половина милијарда рубљи (7,2 милиони евра), што е најголема добивка во историјата на Русија.

Куриозитет е тоа што таа за премијата дознала седум дена по извлекувањето и тоа благодарение на нејзината внука, која го проверила лозот.

Иако наградата е релативно помала во споредба со америанските и европските џекпотови, половина милијарда рубљи е повеќе од задоволителна добивка за просечен руски пензионер, чија пензија изнесува во просек 200 евра месечно.

Власова има намера дел од парите да донира во добротворни цели. си/сп/09:50


###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ