• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

„Телефонски именик на Хитлер“ продаден за 33.000 фунти

Лондон, 25 септември 2017 (МИА) - Телефонски именик, за кој се верува дека му припаѓал на Адолф Хитлер, е продаден на аукција во Велика Британија за 33.000 фунти, што е двојно повисока цена од очекуваната.

Именикот е пронајден во канцеларијата на Хитлер пред крајот на Втората светска војна и во него рачно се напишани имоњата и телефонските броеби на над 200 лица, меѓу кои се и Хајнрих Химлер, Јозеф Гебелс, Рудолф Хес, Херман Геринг, Алберт Борман и Рајнхард Хајдрих.

Почетната цена на аукцијата на именикот беше 15.000 фунти.

- Ова е уникатен дел од историјата, кој на историчарите и колекционерите им дава пристап до информации за највисоките нивоа на еден од најопасните режими во модерната историја. Бираш лош човек и тој е тука. Единствена личност што ја нема во именикот е Адолф Хитлер, рече претставникот на аукциската куќа Ендру Олдриџ.

Тој појасни дека не може со сигурност да потврди на кого му припаѓал именикот, но дека е очигледно оти тој бил сопственост на некој висок нацистички функционер. паг/сп/09:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...