• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Тејлор Свифт ненадејно се повлече од социјалните мрежи, фановите мислат дека подготвува нов албум

Тејлор Свифт ненадејно се повлече од социјалните мрежи, фановите мислат дека подготвува нов албум

Лос Анџелес, 22 август 2017 (МИА) - Американската пејачка Тејлор Свифт ненадејно ги избриша сите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тумбир и ЈуТјуб, што ги вознемири нејзините фанови. 

На Фејсбук, Твитер и Инстаграм, Тејлор имала над 262 милиони следбеници, а нејзините фанови на Твитер дискутираат за тоа поради што се повлекла од социјалните мрежи и што и се случило. Мистеријата за нејзиното исчезнување се обидуваат да ја решат и светските медиуми, како и таблоидите. Многумина сметаат дека овој потег на Тејлор Свифт е само маркетиншки трик и увертира во нејзиниот нов, шести студиски албум, на кој работела во тајност.

Некои медиуми пишуваат дека го следи примерот на еден американски бенд, кој за да порасне продажбата на нивниот албум, оваа година во мај го направи истото.

Многумина тврдат дека во последно време се поретко излегувала и се криела од фотографите, а кога излегувала од дома се криела во широка облека со капа. вз/ссм/10:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...