• A-
  • A
  • A+
среда, 20 јуни 2018, 

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас

Њујорк, 18 август 2017 (МИА) - Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијата „The Kominsky Method” во која ќе глумат Мајкл Даглас и Алан Аркин. 

„The Kominsky Method” ќе има 10 епизоди од по 30 минути, кои ќе го прикажуваат животот на Сенди Комински (Мајкл Даглас), поранешен глумец кој некогаш бил славен за кусо време, а сега е ценет холивудски професор по глума. Алан Аркин ќе го глуми неговиот агент.

На Мајкл Даглас ова ќе му биде прва телевизиска улога по 40 години. Последната серија во која глумел била „The Streets of San Francisco” прикажувана во 70-тите години. Сценариото, заедно со Даглас, го потпишува Чак Лоре, автор на „Теорија за големата експлозија” и „Два и пол мажи”.

Освен тоа, од Нетфликс најавија дека тие ќе ја емитуваат новата вестерн серија за браќата Коен, но и дека од пензија го извлекле Дејвид Летерман. Продолжуваат со најави за нови големи проекти. вз/ссм/09:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...