• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Џенифер Анистон за номинациите за Оскар: Повторно ме игнорираа!

Џенифер Анистон за номинациите за Оскар: Повторно ме игнорираа!

Лос Анџелес, 21 јануари 2015 (МИА) -  Популарната американска актерка Џенифер Анистон беше гостин во ток-шоу на американската комичарка, Елен ДеЏенирес.

Темата на разговор, меѓу другото, беше неноминирањето  за Оскар за улогата која Анистон ја играше во филмот „Cake“.

- Целосно ме игнорираа, јас сум најигнорираната актерка, изјави Џенифер во хумористичен тон, но потоа нешто посериозно продолжи:- Целата екипа од сетот беше изненадена со поддршката која филмот ја доби, а уште не почнал ни да игра во кината.

Инаку, „Cake“ досега е прикажан само на ексклузивни фестивали, но доби фантастични критики од филмските критичари и публиката, а на актерката светските медиуми со месеци и предвидуваа номинација и сериозна кандидатура за освојување на Оскар.

Иако Анистон освои голем број други номинации кои ги вклучува и Златен Глобус, САГ, Critics Choice Awards, наградите упорна ја одминуваат. ви/ссм/09:48

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...