• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Дел од филмовите на кои соработуваа ФХ3Х во трката за Оскар

Дел од филмовите на кои соработуваа ФХ3Х во трката за Оскар

Скопје, 18 декември 2014 (МИА) - Академијата за филмска уметност и науки ја објави листата на 10 филмови кои влегуваат во потесниот избор за номинација за Оскар за визуелни ефекти за 2014. Меѓу 10-те номинирани, на четири работеа артистите од македонската, а веќе и светски реномирана компанија за анимација и визулени ефекти ФХ3Х.

Како најголеми ривали за наградата се посочуваат Guardians of the Galaxy кои ќе се соочат со Dawn of the Planet of the Apes.

На листата се и Captain America: The Winter Soldier, Godzilla, The Hobbit: The Battle of the Five Armies, Interstellar, Maleficent, Night at the Museum: Secret of the Tomb, Tand X-Men: Days of Future Past.

Миливоје Ѓорѓевиќ, еден од сопствениците на ФХ3Х вели дека артистите во ФХ3Х се горди на својата работа.

- Чест ни е што ја имавме таа привилегија да работиме на четири од номинираните 10 филма кои влегуваат во потесен избор за најдобри визуелни ефекти во 2014 година, особено што тие влегоа на оваа листа во навистина голема конкуренција. Визуелните ефекти на сите 10 филма се спектакуларни. Во овој момент фаворити и не можат да се издвојат се додека не се изгласаат финалните пет филма кои ќе влезат во избор за Оскарот, но секако нашите се “Guardians of the Galxy” на кој работевме во соработка со Method Studious, “Maleficent” на кој соработувавме со MPC Technicolor, ”Transformers: Age of Extinction,” на кој работевме во соработка со Industrial Light & Magic, и “Captain America: The Winter Soldier” кој го работевме во соработка со Scanline и на кои им стискаме палци да влезат во финалните пет, изјави Ѓорѓевиќ.

Кристијан Даниловски, вториот сопственик на ФХ3Х, вели дека конкуренцијата во оваа категорија годинава е исклучително силна, повеќе филмови кои имаа исклучителни визуелни ефекти не успеаа да влезат ниту во првиот круг од 10 филма, како на пример Edge of Tomorrow.

- Оваа година, за разлика од претходните години нема јасен фаворит, сите 10 кандидати се со врвни остварувања од визуелните ефекти, така што се очекува неизвесност и во изборот на петте номинирани за Оскар, вели Даниловски.

Тој изрази задоволство и од тоа што соработувале на филмови кои се номинирани за Оскар и во други категории како што се Into the Woods, кој е номиниран и во категории за најдобри костими, за шминка и за продукциски дизајн и The Giver за најдобар звук, вели Даниловски. 

Вкупната листа на филмови на кои ФХ3Х беше соработник во 2014 година, освен номинираните и споменатиот Edge of tommorrow, ги содржи и филмовите: RoboCap, Jersey Boys, Hercules, Lucy, The Giver и годината ја завршуваме со уште еден наслов кој ќе има премиера вечерва Exodus, кој ќе ќе биде прикажан во Cineplexx. 

Пошироката листа на номинирани за Оскар е подготвена од претставници на Комитетот за визуелни ефекти при Академијата. Наредната селекција од 10 на пет филма од кои всушност ќе се избере победникот ќе биде извршена на 10 јануари 2015 година, а избраните ќе бидат објавени на 15 јануари како официјални номинации за 87-мата церемонија на доделување на Оскарот. вг/паг/11:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...