• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

„Фолклористи“ примени од градоначалникот на Крива Паланка по освоената награда во Бурса

„Фолклористи“ примени од градоначалникот на Крива Паланка по освоената награда во Бурса

Kрива Паланка, 14 септември 2018 (МИА) - Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски прими делегација на Културно- уметничкото здружение „Фолклористи” кое успешно ја претстави македонската култура на Меѓународниот фолклорен фестивал во Бурса, Турција, од каде се врати со  награда од специјалното жири.

Претседателот на „Фолклористи“ Васе Стаменковски рече дека во  силна конкуренција  со над двесте учесници,  нивното здружение ја доби наградата за најдобар сценски настап и драматичност во изведбата од страна на специјалното жири на фестивалот.

Здружението почнало и соработка со екипи од Турција, Србија и Грузија, а веќе се најавени и учества за наредната година на натпревари во Турција и Грција.

Градоначалникот Мицевски очекува нивните успеси да продолжат зашто успехот на фестивалот е и успешно претставување на нивната општина - Крива Паланка. ид/хс/10:46

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ