• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Денови на Хиландар во Скопје

Денови на Хиландар во Скопје

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Со предавање на архимандритот Методије и со изложба на фотографии од монахот Милутин Хиландарец, утревечер во Кинотека на Македонија ќе почнат Деновите на Хиландар во Скопје, во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“.

Игуманот на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Методије, ќе одржи предавање ма тема „Духовните искуства на Света Гора“.

Светлопис

Ќе биде отворена и изложбата „Светлописи“ на монахот Милитун кој во Хиландар го извршува послушанието манастирски фотограф.

Од „Спона“ соопштија дека за време на престојот во Скопје, отец Методије во нивните нови простории ќе разговара со членовите, активистите и соработниците на Центарот и ќе посети некои од средновековните православни храмови на поранешниот метох на Хиландар.гв/са/09:54

Хиландар 5

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ