• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Книжевни настапи на Стефан Марковски во Шпанија

Книжевни настапи на Стефан Марковски во Шпанија

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Писателот Стефан Марковски имаше книжевни настапи во Шпанија на 10-ти и 13 септември, во библиотеките во Сан Себастијан и Сан Хуан.  

Пред баскиските, односно шпанските писатели и читатели, македонскиот книжевник одржа предавања фокусирани на запознавање со македонската култура и тековите на современата македонска литература, а прочита и извадоци од своето творештво на македонски и на англиски јазик.

Книжевните настапи на Марковски се во рамки на резиденцијалниот престој во Сан Себастијан, кој е дел од проектот „Other Words“, делумно спонзориран од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Македонски партнер е Форумот на млади од Битола. хс/са/10:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ