• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Ликовната уметница Џунова претставува артвидео во Велес

Ликовната уметница Џунова претставува артвидео во Велес

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Ликовната уметница Марија Џунова од Велес ќе го претставува своето артвидео на видеобим на надворешен ѕид од театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ секој вторник од 14 август до 4 септември од 19 до 19.30 часот.

На артвидеото е документиран прерформансот „Мантра за секогаш мрсни времиња за професорот и Герил Брутски“ одржан во октомври минатата година во велешко Пешти. Содржината на перформансот, наведува авторката, е палење листови од книгата „Авторски низ појавното 1-5“. 

- Изложувањето на видеото на отворен простор ќе овозможи понепосреден контакт со публиката отколку негово изложување во  галерија или музеј, смета авторката Џунова. хс/ев/07:32

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...