• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза“

Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на наградата „Мајка Тереза“

Скопје, 9 август 2018 (МИА) - Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска каиера и со потекло од Кичевско Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2018 година.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази. 

Таа се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. 

На Здравкин и Калеши наградата ќе им биде врачена  во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август - датумот кога е родена нобеловката Мајка Тереза. хс/ сд/13:23

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...