• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Инфосесија за потпрограмите на „Креативна Европа“ во Куманово

Инфосесија за потпрограмите на „Креативна Европа“ во Куманово

Куманово, 11 јули 2018 (МИА)Инфосесија за потпрограмите Култура и МЕДИА на програмата на Европската унија „Креативна Европа“ се одржа денеска во Занаетчискиот дом во Куманово на која присутните се информираа како да станат потенцијални апликанти за повикот кој ќе биде објевен наредната година. 

Програмата на Европската Комисија е наманета за операторите од културно-креативниот сектор и аудиовизулениот сектор. Програмата се дели на две потпрограми, Култура и МЕДИА, а координатори се Министерството за култура и Агенцијата за филм во делот на МЕДИА.

Билјана Прентоска, раководител на канцеларијата за Креативна Европа, потпрограма култура при Министерство за култура појасни дека оваа програма е единствената програма од ЕУ наменета за културните, керативните сектори и од аудиовизулениот сектор.

- Корисници на потпрограмата култура можат да бидат организациите – владини, невладини организации, институции, приватни организации од областа на културните и креативните сектори, но и општините, образовните институции, изјави Прентоска.

Повикот за фискалната 2019 година се уште не е објавен и оваа инфо сесија има за цел да ги подготви потенцијалните апликанти, корисници за повикот којшто Европската Комисија ќе го објави.

Потпрограмата МЕДИА се однесува на операторите кои се занимаваат со филм, дистрибуција, телевизија, филмски фестивали. Програмата има повици за аплицирање и доделува средства за реализација на различен тип на активности. Во делот на МЕДИА, појасни раководителот на канцеларијата МЕДИА, Владимир Стојчевски има 14 повици поделени во три категории.

Македонија е учесник во потпрограмата МЕДИА од 2015-та година и досега, вели Стојчевски, има успех во делот на дистрибуцијата, филмските фестивали и проекти за развој, онлајн платформа за дистрибуција.

- На годишно ниво за 2016 и 2017 за кои што имаме податоци, генерално како земја користиме средства од околу 200 до 220 илјади евра од „Креативна Европа“ за делот МЕДИА , што е солиден успех, со оглед што сме нови во оваа програма. За Култура учествуваме од 2007 година, изјави Стојчевски.

Вакви инфосесии ќе се одржат и во Тетово, Битола, Струмица, а во Охрид ќе има повеќе активности. ам/вг/15:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ