• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек” во Кавадарци

Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек” во Кавадарци

Кавадарци, 11 јули 2018 (МИА) - Меморијална манифестација „Денот кога се роди добриот човек”, посветена на прерано починатиот скулптор Дејан Костов-Лиса се одржа синоќа во Кавадарци со поддршка од Министерството за култура.

- Станува збор за скулптор и сценограф на настани, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки ликовни уметници, музичари и литерати, дете на поубавата страна на кавадаречката приказна. Човек чиј лик е запишан на кавадаречкиот асфалт, рече Марјан Тодоровски од Здружнието за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци, кое е организатор на настанот.

Во чест на Костов, на платото под винската куќа во градскиот парк, беа изложени оригинални уметнички фотографии на Јадран Манчев. Се одржа и целовечерна свирка од Bad-Ass-All, рок бенд со оригинална урбана кавадаречка приказна, видео и фото презентација на материјал од претходните изданија на манифестацијата. свд/рп/10:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ