• A-
  • A
  • A+
петок, 25 мај 2018, 

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Гостивар, 21 април 2018 (МИА) - Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на манифестацијата.

Според пропозициите во конкурсот, право да се пријават имаат поетите од Македонија и од балканските земји, кои ќе се натпреваруваат во две категории, до 18 години и над 18 години. Заинтересираните поети може да испратат по три необјавени песни на слободна тема, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик. Учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително треба да достават препев на македонски јазик. Рокот за пријавување е до 5 мај.

Творбите се испраќаат на електронската адреса на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com. Пристигнатите песни ќе ги оценува стручна комисија, која освен избор на наградени, ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка збирка, алманах.

Меѓу наградените на фестивалот во претходните изданија се поетите Стефан Марковски, Слаѓана Ставревска, Вања Савова (Бугарија), Невен Лукачевич (Хрватска), Кристина Мерклер.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се организира во чест на 24 Мај - Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Организатори се Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ од Гостивар. згм/бак/09:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.