Во штипскиот регион зголем бројот на млади земјоделци и сточари

Во штипскиот регион зголем бројот на млади земјоделци и сточари

Штип, 14 Септември 2018 (МИА) - Во штипскиот регион се зголемува бројот на млади земјоделци и на сточари, кои сакаат да ги обработуваат земјоделските површини, истакна на денешната прес-конференција раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Штип, Павел Иванов.

- Во Штип и Штипско бројот на корисници, кои се пријавиле за користење на државни субвенции за земјоделско и сточарско производство, млади лица кои се одлучиле да станат земјоделци и сточари и на оние кои аплицирале на ИПАРД фондовите е зголемен за околу 15 отсто, вели Иванов.

Тој забележува дека според податоците во штипскиот регион има 4.400 земјоделци, од кои 2.400 во текот на 2017 година побарале државна помош. Оваа бројка е поголема за 300 земјоделци во споредба со 2016 година.

- Бројот на лица кои се одлучиле на ваков чекор ќе биде поголем со приклучување кон Европската унија. Членство во ЕУ и НАТО значи и подобар пласман на македонските производи во странство, поголема откупна цена и секако олеснет извоз. Македонските производи ќе добијат ЕУ ознака, со што ќе станат препознатливи на европскиот пазар, вели Иванов.

Посочува дека влезот во ЕУ и НАТО значи и отстранување на трговските и царинските бариери, како и поддршка на земјоделство најмалку од една и пол милјарда евра, а се очекува земјоделците годишно да имаат и приход од 25.000 евра.вдј/скс/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...