• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Отворен првиот КФЦ-ресторан во Македонија (видео)

Отворен првиот КФЦ-ресторан во Македонија (видео)

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Во Скопје денеска е отворен првиот ресторан на американскиот бренд Кентаки фрајд чикен (КФЦ).

Станува збор за ресторан за брза храна, кој се наоѓа во трговскиот центар „Сити мол“. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра и предвидено е да се отворат 400 нови работни места.

На отворањето присуствуваа премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богов.

KFC

- Како Општина Карпош сакам да истакнам дека негуваме партнерски однос со сите бизниси на наша територија. Во нас, како локална смаоуправа, менаџментот на КФЦ може да гледа вистински поддржувач и партнер, рече градоначалникот Богов.

 КФЦ како бренд е застапен во 123 држави во светот. бак/са/15:02

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ