• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Свесноста кај граѓаните за зачленување во пензиските столбови треба да се зголеми

Свесноста кај граѓаните за зачленување во пензиските столбови треба да се зголеми

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Свесноста кај граѓаните за правата кои произлегуваат од зачленувањето во пензиските столбови треба да се подигне затоа што инвестирањето во нив значи и повисоки приходи во пензионерските денови. 

Дарко Саздов од Агенцијата за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување (МАПАС) вели дека свесноста кај пензионерите е на исто ниво и оти тие како Агенција се обидуваат да ја зголемат преку низа информативни настани.

- Преку информативни настани сакаме да се подигне свеста кај граѓаните за да се заинтересираат за своите индивидуални сметки, изјави Саздов денеска на информативниот настан што беше организиран по повод 15 Септември - Денот за пензиска свесност.

дарко саздов

Според Саздов, расне интересот на граѓаните за вториот и третиот столб и овие столба имаат постојано членство. Дури има и пензионери кои веќе користат пензии од двете пензиски друштва.

Досега, околу 500 илјади членови има во двете пензиски друштва во вториот столб од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, а вкупните средства кои се акумулирани изнесуваат околу една милијарда евра. бак/сст/14:28

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ