• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

САСА ќе стипендира студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Скопје, 10 август 2018 (МИА) -  Рудникот за олово и цинк САСА во учебната  2018/19 година ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) од кои 10 од студиската група Рударство и по петмина од студиските групи Геологија и Инженерство на животна средина. Тие ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.

Покрај финансиската поддршка во текот на студиите, рудникот САСА им овозможува на идните студенти практична работа, а најдобрите од нив ќе имаат и можност за вработување во рудникот по завршувањето на студиите.

- Среќни сме што во соработка со раководството на Факултетот за природни и технички науки ќе можеме да ги поддржиме талентираните млади луѓе кои се определуваат да стекнат знаења во областите поврзани со нашата индустрија. Тие се наши потенцијални идни колеги, па наш природен интерес е низ образованието и низ праксата што подобро да се подготват за работа во модерното и одговорно рударство, изјави генералниот директор на САСА, Олег Телној.

Олег Телној САСА

На факултетот стипендирањето го гледаат како можност за зголемување на атрактивноста на студиските групи за студентите кои првпат се запишуваат.

- Завршените средношколци сега имаат уште еден мотив повеќе да ги одберат токму групите поврзани со рударската индустрија. Воедно, со ова Рудникот САСА и Централ Азија Металс уште еднаш го докажуваат партнерството со нашата образовна институција, рече проф. д-р Зоран Десподов, декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип.

Стипендиите ќе бидат наменети пред сѐ за студенти кои доаѓаат од Македонска Каменица и од околните населени места. Повеќе информации, заинтересираните кандидати за степендии можат да добијат на електронската пошта v.ristovska@sasa.com.mk или во локалната канделарија за комуникација со јавноста на САСА во Македонска Каменица.вј/скс/11:26

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...