• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката

Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат за стечај на фабриката

Прилеп, 11 јули 2018 (МИА) - Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“.

- Ваква понуда ние имавме при разговорите со премиерот Зоран Заев и со потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев и сметаме дека е единственото решение, изјави денеска претседателот на синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ Роберт Богданоски, по информацијата дека потпретседателот на Владата Анѓушев, стечајот  го предлага како можно решение за фабриката, наместо долготрајниот процес на приватизација.

-Значи, прво да се најде купувач за фабриката, па да се пушти во стечај, купувачот да ја преземе фирмата со обврските спрема вработените, да се исплатат доверителите и другите трошоци, вели Богданоски.

Вработените очекуваат до петок да ги земат тие 30.000 денари како две плати кои се одобрени преку позајмица.

- Што се однесува до пакетот за технолошки вишок, направени се списоците за 120 вработени и се испратени до Владата, рече Богданоски.

 

Долговите на Фабриката се околу5 милиона евра. неисплатени се 18 плати и придонеси од 2012 година. Од понеделникот тече работниот проецес во „Еурокомпозит“.ем/скс/15:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ