• A-
  • A
  • A+
среда, 18 јули 2018, 

Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем

Трибина за креативноста и иновативноста во образовниот систем

Скопје, 21 април 2018 (МИА) -  Со трибина „Како да се стимулира креативноста и иновативноста во образовниот систем?“  и натпревар за средни училишта денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе биде одбележана „Светската недела на креативност и иновативност“.

Целта на одблежувањето, под покровителство на Обединетите Нации, е да се охрабрат сите луѓе да ја искористат својата креативност за да го направат светот подобар, а самите да создадат пристојни услови за живот за себе, но и за другите. Прославата на овој ден ги поддржува и глобалните цели за оддржлив развој 2030 за планетата Земја.

На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, ректорот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј Никола Јанкуловски, деканот на Машински факултет при УКИМ Дарко Данев, директорот на Фондот за иновации и технолопки развој Јован Деспотовски, холандскиот амбасадор во Скопје Ваутер Пломп..

Машинскиот факултет ги организира активностите во соработка со Холандско-македонската стопанска комора. лв/бак/07:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ