• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Евростат: Индикаторот на слободни работни места во ЕУ зголемен на два отсто

Евростат: Индикаторот на слободни работни места во ЕУ зголемен на два отсто

Луксембург, 16 март 2018 (МИА) - Индикаторот на слободни работни места во ЕУ и еврозоната во четвртиот квартал од 2017 година се зголеми на 2 отсто, додека во Бугарија остана стабилен на 0,8 отсто, објави Евростат на својата веб-страница.

Индикаторот е зголемен за еврозоната од 1,9 отсто во третиот квартал од минатата година и од 1,7 отсто во последниот квартал од 2016 година.

Во ЕУ, слободните работни места изнесуваа 2 проценти и во третиот квартал од 2017 година, но во четвртиот квартал една година претходно тие беа 1,8 проценти.

Слободните работни места во услужниот сектор на ЕУ и еврозоната беа 2,3 проценти, а во индустријата и градежништвото 1,8 проценти и 1,7 проценти.

Меѓу земјите-членки за кои постојат споредливи податоци, најголем број слободни работни места во четвртиот квартал од 2017 година имаше во Чешка (4,4 отсто), Белгија (3,4 отсто), Германија (2,8 отсто), Холандија и Обединетото Кралство (2,6 проценти). Со најниско ниво беа Грција (0,1 проценти), Шпанија (0,7 отсто), Бугарија и Португалија (0,8 отсто). паг/14:43

###







 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...