• A-
  • A
  • A+
недела, 22 април 2018, 

Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Во Македонија вработени 723.550, а невработени 225.049 лица

Скопје, 20 март 2017 (МИА) -  Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.

Стапката на активност во минатата година изнесувала  56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.

Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население  над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а  жените со 38,7 проценти.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.лв/са/12:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...