Стопанска комора: Брзото менување на законите најголем проблем на бизнисот
- понеделник, 20 март 2017 12:12
Скопје, 20 март 2017 (МИА) - Сивата економија и брзото менување на регулативите се уште се најголеми проблеми за микро, малите и средните претпријатија во Македонија.
Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, за фирмите е посебно тешко да се прилагодат на законите за работни односи и за безбедност и заштита при работа, а не помали пречки им се и правата и обврските од законите за даночна и царинска политика, животна средина и урбанизам.
- За што подобро информирање на компаниите, но и за детектирање на нивните проблеми, почнуваме со т.н. инфо-сесии, вкупно 18, во десет градови низ Македонија. Стартот е задутре, 22 март, со првиот информативен настан во Велес. Клучни сектори што ќе бидат опфатени со анализите се земјоделството, текстилот, градежништвото, ИКТ и туризмот, истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Комората.
Инфо-сесиите се дел од проектот на УСАИД што го спроведува „Епицентар Интернационал“ – Скопје во партнерство со Стопанската комора на Македонија, Комората за информатичка и телекомуникациска технологија МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Целна група се сите микро, старт-ап, мали и средни претпријатија, но не е исклучена можноста и за присуство на претставници од големите компании.
- Целта е двојна, подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените кои фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи, нагласи директорот на „Епицентар Интернационал“ – Скопје Љупчо Димовски.
Информативните настани ќе се одржуваат до 7 јуни годинава, во Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и Скопје. мч/са/12:04
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 10:43 | Османи: Македонија доби позитивен извештај со чиста и безусловна препорака
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во своето неделно видео обраќање на социјалн...
- 10:19 | Министерот Адеми во посета на САД
Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во официјална посе...
- 10:19 | „Затвор Шутка“ - подобро затвореник, отколку притвореник!
Затворската пренатрупаност, нехигиената и супстандарните услови, недоволната медицинска грижа, неефи...
- 10:18 | Хрватско МНР: Вулин засега не е добредојден во Хрватска
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Ал...
- 10:08 | Концерт на Музичка младина во чест на Саша Николовски Ѓумар
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија вечер од 20 часот во големата сала на Македонс...