Mакедонската туристичка понуда на саемот во Белград
- понеделник, 27 февруари 2017 10:38
Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Македонските дестинации и оваа година, осма по ред, беа промовирани на Меѓународниот саем за туризам (ITF) во Белград.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ (АППТРМ) која го организираше учеството, на Саемот се остварени и нови контакти со оператори кои сакаат да ја вклучат Македонија во својата понуда.
Атрактивните и богати со понуда македонски дестинации, информира АППТРМ, ги претставија претставници од приватниот туристички сектор.
- Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка. Остварени се и нови контакти, со Asteria travel и Balkan Break, кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда, наведува Агенцијата.
Според АППТРМ, македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар. Тоа го покажува растот од 31,52 отсто за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, а нешто помалку Вардарскиот.
На саемот што се одржа од 23 до 26 овој месец, имаше 11.000 излагачи, 75.000 посетители и потенцијални туристи. - Штандот на Македонија со традиционалните македонски продукти и препознатливи туристички дестинации беше во сала со сите странските излагачи, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. мч/дма/10:14
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 08:32 | Тевдовски и Богов на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Дим...
- 08:24 | Свазиленд го менува името
Кралот на Свазиленда Мсвати Трети изјави дека државата ќе го смени името и ќе се вика „еСватини“ што...
- 08:20 | Бугарски автобус што патувал кон Македонија изгорел кај ГП Ѓуешево- Деве Баир
Бугарски автобус, со 46 патници кои патувалке кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќ...
- 08:02 | Симулација на сообраќајка пред Сити Мол
Црвен крст на град Скопје во соработка со МВР денеска напладне пред Сити мол ќе реализира симулациск...
- 07:50 | Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во Венецуела
Министрите за финансии од неколку латиноамерикански држави, како и од Европа и САД се договорија да ...