• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Осум години во континуитет македонскиот туристички производ на саемот во Белград

Осум години во континуитет македонскиот туристички производ на саемот во Белград

Скопје, 27 февруари 2017 (МИА) - Македонските дестинации и оваа година, осма по ред, беа промовирани на Меѓународниот саем за туризам (ITF) во Белград. 

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ (АППТРМ) која го организираше учеството, на Саемот се остварени и нови контакти со оператори кои сакаат да ја вклучат Македонија во својата понуда.

Атрактивните и богати со понуда македонски дестинации, информира АППТРМ, ги претставија претставници од приватниот туристички сектор.

- Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка. Остварени се и нови контакти, со Asteria travel и Balkan Break, кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда, наведува Агенцијата.

Според АППТРМ, македонскиот туристички производ е веќе препознатлив на српскиот туристички пазар. Тоа го покажува растот од 31,52 отсто за туристички посети во последните четири години, со остварени 50.145 посети и 93.782 ноќевања во 2016 година. Српските туристи најмногу го посетуваат Југозападниот и Југоисточниот регион, а нешто помалку Вардарскиот.

На саемот што се одржа од 23 до 26 овој месец, имаше 11.000 излагачи, 75.000 посетители и потенцијални туристи. - Штандот на Македонија со традиционалните македонски продукти и препознатливи туристички дестинации беше во сала со сите странските излагачи, информира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. мч/дма/10:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...