• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Средба на Незири со турски инвеститори - членки на МАТТО

Средба на Незири со турски инвеститори - членки на МАТТО

Скопје, 24 март 2015 (МИА) - Традиционалните пријателски односи меѓу Македонија и Турција се одлична основа за унапредување на соработката на економски план, истакна министерот за економија Беким Незири на средбата со членови на Управниот одбор на Македонско-турската комора (МАТТО), кои се менаџери на турските инвеститори во земјава.

Незири, соопшти ресорното Министерство, нагласил оти  Македонија ги поздравува досегашните турски инвестиции во земјава и очекува нивниот број да се зголемува во наредниот период, истовремено охрабрувајќи ги и македонските компании да инвестираат во Турција.

- Владата на Република Македонија е секогаш на располагање за разговор и решавање на тековните проблеми за да се создаде подобар инвестициски и деловен амбиент, посочил Незири, кој е почесен претседател на МАТТО од македонска страна. 

Министерот за економија информирал дека законската регулатива се креира во насока на подобрување на инвестициската клима во земјата, а ревизијата на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји бара посебно внимание со оглед на преголемата разлика во индустриско – аграрната развиеност на двете земји. Што се однесува до прашањата кои се во надлежност на другите институции, министерот Незири им ветил на турските бизнисмени дека ќе ја запознае Владата со очекувањата и плановите на МАТТО и нејзините членки.

Претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи потсетил дека турските инвестиции во вкупна вредност од над 800 милиона евра придонесуваат за економски раст на земјата и намалување на невработеноста. - Инвеститорите се најдобри промотори на бизнис и инвестициската клима во една земја, а таа секогаш може да се подобрува во отворен дијалог со компаниите, рече Кахвеџи. 

Министерството за економија информира дека меѓу прашањата кои биле отворени од страна на турските бизнисмени се промените во законската регулатива, примената на прописите во различни места од земјата, скратување на административните процедури за реализација на инвестициски проекти, поедноставување на постапката за добивање дозволи за времен престој и работни дозволи, поголема либерализација на трговијата, особено во делот за земјоделски и прехранбени производи...

Бизнисмените, како што е наведнео, ја поздравиле иницијативата на Владата за основање на финансиски, здравствени и туристички развојни зони.

Турција е на 8-то место како значаен трговски партнер на Македонија, при што извозот од Македонија е во вредност од 67,5 милиони, а увозот 374,1 милиони американски долари. сс/лв/11:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...