0_Македонија.ПорталПолитика

Мизрахи-Сахакиан: Социјалната инклузија, грижата за ранливите категории и креирање нови работни места, приоритет во заедничката соработка

Грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето нови работни места, се заедничките приоритети во соработката, потврдија на денешната средба министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан. 

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – Грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето нови работни места, се заедничките приоритети во соработката, потврдија на денешната средба министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан.

Партнерскиот однос што е воспоставен помеѓу УНДП и МТСП, посочила Сахакиан, е значаен бидејќи придонесува за поттикнување и унапредување на овие сектори што се од јавен интерес. Во таа насока,  соопштија од Министерството за труд и социјална политика, постојаната претставничка на УНДП ги потенцирала програмите од Оперативниот план за вработување во кои се тие вклучени и кои веќе и јавноста ги препознава, како што се програмите за самовработување и за општинско корисна работа, а во моментов се вклучени и во процесот на деинституционализација во Бања Банско.

Исто така, преку Швајцарската агенција за соработка учествуваат и во проектот со кој се поттикнува вработливоста на ранливите категории.

Министерката Мизрахи се заблагодарила на поддршката што ја пружа УНДП преку вклучување во овие програми, и истовремено ги презентирала нејзините планови и програми што се во насока на поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории на граѓани за кои и понатаму ќе биде добредојдена секоја поддршка.

Според неа, процесите на подобрување и унапредување на системите на социјалната и детската заштита се постојани процеси на кои треба трпеливо и макотрпно да се работи затоа што само на тој начин граѓаните ќе ги почувствуваат придобивките од својата држава. цр/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close