0_Македонија.ПорталОпштество

Мизрахи од Владата побарала согласност за вработување лица со статус на деца без родители

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи до Владата доставила информација за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа и побарала согласност тие да бидат вработени согласно Д-10 Програмата која беше усвоена во 2013 година, а која, како што рече, од неразбирливи причини била стопирана од претходната министерка.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи до Владата доставила информација за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа и побарала согласност тие да бидат вработени согласно Д-10 Програмата која беше усвоена во 2013 година, а која, како што рече, од неразбирливи причини била стопирана од претходната министерка.

-Поради полесна интеграција во општествениот живот на оваа категорија лица МТСП во 2013 година ја започна програмата наречена Д-10 за вработување лица кои до 18-годишна возраст имале ваков статус и беа утврдени конкретни мерки за вработување. Од тогаш до 2016 година беа вработени 143 лица од оваа категорија на граѓани, што е показател за успешноста на оваа мерка, но од неразбирливи причини беше стопирана од претходниот министер Мила Царовска. Таа, иако имаше објавен оглас во 2016 година не вработила ниту едно лице односно не биле преземени никакви постапки за селекција на пријавените кандидати и не биле донесени одлуки за избор иако имало доболен број кандидати, рече министерката Мизрахи.

Таа додаде дека овие лица заслужуваат сигурна работа и плата, како и можност за социјализација и интеграција во општествениот живот и треба оти заради тоа треба да се преземат конкретни мерки.

-По средбата со претставниците на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа се заложив да направам се што е во рамки на моите надлежности за исправување на неправдата која им е нанесена. До Владата на Република Македонија доставив информација за вработување на лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа во 2020 година со која ги информираме и бараме согласност за вработување на лица од оваа категорија граѓани. МТСП мора да пружи рака на најранливите и оние на кои им е најнеопходна поддршка, рече Мизрахи.

Претставници на оваа категорија граѓани, кои беа присутни на денешната прес-конференција, побара и да биде вратено старот законско решение за  финансиска поддршка за време на студиите, без ограничување на години, затоа што, како што посочија, има лица кои веќе почнале да студираат и влегле во програмата и треба да ги завршат студиите.

-Го разгледуваме и ова прашање. Со законските измени во 2019 има ограничување на поддршката за лица до 26 години. За жал, ние се запознавме со претставници од оваа категорија, кои имаат 10 просек, кои се затекнати во процесот, се наоѓаат на трета или четврта година на студии и им е одземено ова право, кажа министерката Мизрахи.

Во овој момент, како што рече, „ни се врзани рацете за измени на законот, но, од април понатаму ќе го разгледаме ова прашање и неправдата ќе биде исправена“. сст/са/

 

Back to top button
Close
Close