БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Митаракис: Наша цел е да се ограничат бегалските и мигрантските бранови од Турција кон Грција

Нашата основна цел е да се намали бранот од Турција кон грчките острови и осново е да се испрати порака до криумчарите дека оние кои немаат право на меѓународна заштита, нивниот пат кон Грција е ќор сокак, вели новиот грчки министер за миграција и азил Нотис Митаракис во интервју за радио „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 јануари 2020 (МИА) – Нашата основна цел е да се намали бранот од Турција кон грчките острови и осново е да се испрати порака до криумчарите дека оние кои немаат право на меѓународна заштита, нивниот пат кон Грција е ќор сокак, вели новиот грчки министер за миграција и азил Нотис Митаракис во интервју за радио „Практорио фм“ на грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

– Нашата политичка насока е конкретна, наша основна цел е да се ограничат брановите и за тоа е потребно, прво зајакнато чување на границите и второ за ефикасност во управувањето со азилот со новиот закон што е во сила од 1 јануари 2020, за да можеме од почетокот на 2020 година да има враќања во Турција за оние кои немаат право на меѓународна заштита, вели Митаракис.

Во однос на причините што го натераа грчкиот премиер повторно да формира Министерство за миграциска политика, Митаракис вели дека во втората половина на 2019 поради геополитичките случувања и тензијата во поширокиот регион довеле до зголемен бран бегалци и мигранти и за подобро спроведување на планираното, Владата сметала дека процедурите ќе се забрзаат доколку постои посебно Министерство. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close