ЕвропаЕвропа.Портал

Мишустин: Русија ќе испрати хуманитарна помош за Кина

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска одлучи Русија да обезбеди хуманитарна помош за Кина во борба против коронавирусот, изјави вицепремиерката Татјана Голикова по состанокот на Мишустин со замениците премиери.

Москва, 3 февруари 2020 (МИА) – Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска одлучи Русија да обезбеди хуманитарна помош за Кина во борба против коронавирусот, изјави вицепремиерката Татјана Голикова по состанокот на Мишустин со замениците премиери.

Таа додаде дека документот за одлуката веќе е подготвен, објави агенцијата ТАСС.

– Руските региони се подготвени, здравствените установи имаат залихи со заштитна облека и облека за дезинфекција, рече Голикова.

Мишустин на состанокот со своите заменици истакнал дека состојбата со коронавирусот во Русија е под контрола и дека се преземаат сите неопходни мерки за спречување ширење на болеста.

– Формиран е тим за брз одговор и спречување ширење на болеста во нашата земја, изјавил Мишустин и додал дека коронавирусот е на списокот со многу опасни болести.

Според него, тоа ќе овозможи да ги депортираат странците доколку се утврди дека ја имаат болеста и да се воведат посебни рестрикции како изолација и карантин. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close