ОТС

Мишко Барзов во акција за промена на возачките навики и инвестирање во еколошки автомобили

Број на објава: 657/04/21
Датум: 20.04.2021
Клучни зборови: „Зелено светло за „зелен“ транспорт“, UNDP

 

 Во рамките на кампањата за активно вклучување во климатските акции „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ поддржана од UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, се вбројуваат низа активности кои треба да ја подигнат свеста на населението за изворите на стакленичките гасови, како и итната потреба од нивното намалување или потполно елиминирање.

За таа цел, чест ни е да ви го претставиме краткиот видеоспот во кој учествува Мишко Барзов, искусен познавач на автомобилизмот и долгогодишен уредник и водител на емисијата „Авто магазин“. Во него, тој ја нагласува потребата од инвестирање во еколошки автомобили и менување на возачките навики во правец на намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на климатските промени.

Поддржувачите на кампањата „Зелено светло за „зелен“ транспорт“ нагласуваат дека климатските акции се особено потребни во периодот на пандемија и ја потенцираат важноста од вртење кон еколошки транспорт. Иако емисиите на стакленички гасови бележат намалување поради редуцираното движење за време на локдаунот, се очекува тие да достигнат брз пораст со рестартирањето на економијата, а напорите за декарбонизација да се соочат со сериозен удар.

 

За повеќе информации посетете ја веб страната https://klimatskipromeni.mk/

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close
Close